Постапка за пријавување, одбрана и оцена на магистерска работа

Чекори во постапката

1. Пријава на магистерски труд

Валидира

Студент

Опис

Студентот заедно со менторот го пополнуваат и потпишуваат документите ПРИЛОГ 1, ПРИЛОГ 2 и ПРИЛОГ 3 и ги прикачуваат на системот.

2. Проверка од ментор на пријава

Валидира

Ментор

Опис

Менторот ги проверува и валидира документите.

3. Проверка од Одделение за студентски прашања

Валидира

Одделение за студентски прашања

Опис

Одделението за студентски прашања проверува дали студентот ги исполнува условите за пријавување на магистерски труд (минимум 30 ЕКТС-кредити за едногодишни или 90 ЕКТС-кредити за двегодишни студии од втор циклус) и доколку се исполнети минималните услови овластеното лице од Одделението го прикачува на системот документот со потпис и печат.

4. Проверка од Наставно-научна комисија за пријава

Валидира

Координатор

Опис

Наставно-научната комисија дава мислење за пријавата на магистерскиот труд, а координаторот по истекот на рокот за доставување на забелешките ја валидира пријавата.

5. Архивирање на материјали за пријава

Валидира

Архива

6. Додавање точка за ННС за пријава

Валидира

Правна служба

Опис

Секретарот ја поставува пријавата како точка на Дневен ред на Наставно научниот совет на факултетот. (Рокот за одбрана е една година од одобрување на темата на магистерскиот труд)

7. Генерирање и архивирање одлука од ННС за пријава

Валидира

Правна служба

8. Испраќање на пријава за објава во билтен на УКИМ

Валидира

Студентска служба

9. Студентот подготвува и менторот прикачува работна верзија од магистерскиот труд

Валидира

Ментор

Опис

Студентот подготвува работна верзија од магистерски труд, а менторот ја прикачува истата на системот.

10. Менторот предлага членови на комисија за оценка на магистерски труд

Валидира

Ментор

Опис

Менторот предлага претседател и член на комисија за оценка на магистерски труд, го пополнува и потпишува документот ПРИЛОГ 4 и го прикачува на системот.

11. Проверка од Наставно-научна комисија за предлог на комисија

Валидира

Координатор

Опис

Наставно-научната комисија дава мислење за работната верзија и за предлог комисијата за оценка на магистерскиот труд, а координаторот по истекот на рокот за доставување на забелешките валидира.

12. Архивирање на материјали за предлог на комисија

Валидира

Архива

13. Додавање точка за ННС за предлог на комисија

Валидира

Правна служба

Опис

Секретарот го поставува предлогот како точка на Дневен ред на Наставно научниот совет на факултетот. (Рокот за одбрана е една година од одобрување на темата на магистерскиот труд)

14. Генерирање и архивирање одлука од ННС за предлог на комисија

Валидира

Правна служба

15. Испраќање на предлог на комисија за објава во билтен на УКИМ

Валидира

Студентска служба

16. Проверка од комисија

Валидира

Ментор

Опис

Комисијата проверува и остава свои забелешки, студентот постапува според забелешките од членовите на комисијата, а менторот прикачува нова верзија од магистерската со внесени корекции. (Менторот го прикачува магистерскиот труд на системот за плагијати, plagijati@finki.ukim.mk, а комисијата во рок од три месеци од денот на предавањето на работната верзија изготвува извештај)

17. Менторот прикачува извештај за магистерска

Валидира

Ментор

Опис

Менторот го прикачува Извештајот, потпишан од комисијата на системот. (Извештојот треба да биде прикачен најмалку 15 дена пред да биде поставен како точка на дневен ред на Наставно-научен совет).

18. Архивирање на материјали за извештај на магистерска

Валидира

Архива

19. Додавање точка за ННС за извештај на магистерска

Валидира

Правна служба

Опис

Секретарот го поставува извештајот на магистерската како точка на Дневен ред на Наставно научниот совет на факултетот. (Рокот за одбрана е една година од одобрување на темата на магистерскиот труд)

20. Генерирање и архивирање одлука од ННС за извештај на магистерска

Валидира

Правна служба

21. Испраќање на извештај на магистерска за објава во билтен на УКИМ

Валидира

Студентска служба

22. Менторот внесува датум и просторија на одбрана

Валидира

Ментор

Опис

Менторот внесува датум и просторија на одбрана

Како иден магистрант на ФИНКИ, веќе сте дел од ФИНКИ Алумни мрежата која има за цел да создаде силна и динамична заедница која ги поврзува сите генерации студенти. Потребно е да ја пополните следната форма со која го формализирате ова членство.

23. Студентска служба архивира и валидира

Валидира

Студентска служба

Опис

Магистерскиот труд е одбранет и Одделението за студентски прашања го внесува арх.бр од записникот за одбрана.

ФИНКИ Алумни мрежата придонесува за личен и професионален напредок на своите членови, како и за зајакнување на ФИНКИ и бизнис заедницата во целост, преку професионално вмрежување. вмрежување. Доколку не ја пополнивте формата за формализирање на вашето членство, истата може да ја најдете на следниот линк и да ја пополните за да се комплетира процесот на вашето магистрирање.


© 2024 - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство